Случај
Летни горештини.
Како да се борите со летното прегревање на просторот:
Топлинската изолација е најефикасна како заштита од презагревање во текот на жешките летни денови. Ова може да се види од резултатите собрани во текот на екстремно жешкото лето во 2015, кога температурата на воздухот достигна до 36 °C.
Изолираните куќи покажаа до 5 °C пониска температура во внатрешниот простор од неизилираните куќи (Бр.3).
Посебно не изолираните куќи покажаа внатрешна температура поголема од 30 °C. Внатрешната температура во куќите од цигла или бетон кои се изолирани изнесуваше 26 °C, што е вредност во границите на удобност.
Згора на тоа, прозорите свртени спрема југ не беа заштитени со ролетни.

Куќа Бр. 1
Материјал за ѕидот
Бетон
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
475
Изолација
Resolution XS 022
Дебелина на изолацијата
14 cm
Пораст на температурата во куќите
24 °C

Куќа Бр. 2
Материјал за ѕидот
Бетон
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
475
Изолација
openTherm reflect
Дебелина на изолацијата
20 cm
Пораст на температурата во куќите
25 °C

Куќа Бр. 3
Материјал за ѕидот
25 cm цигла
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
245
Изолација
-
Дебелина на изолацијата
-
Пораст на температурата во куќите
30 °C

Куќа Бр. 4
Материјал за ѕидот
25 cm цигла
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
245
Изолација
openTherm reflect
Дебелина на изолацијата
18 cm
Пораст на температурата во куќите
27 °C

Куќа Бр. 6
Материјал за ѕидот
Конструкција од дрвена рамка
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
60
Изолација
StarTherm
Дебелина на изолацијата
6 cm
Пораст на температурата во куќите
29 °C

Куќа Бр. 7
Материјал за ѕидот
Конструкција од дрвена рамка
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
60
Изолација
StarTherm
Дебелина на изолацијата
6 cm
Пораст на температурата во куќите
29 °C

Куќа Бр. 9
Материјал за ѕидот
50 cm цигла исполнета со минерална волна
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
347
Изолација
-
Дебелина на изолацијата
-
Пораст на температурата во куќите
28 °C

Куќа Бр. 10
Материјал за ѕидот
Масивно дрво
Маса на ѕидниот материјал (kg/m2)
155
Изолација
Паватекс дрвени влакна
Дебелина на изолацијата
20 cm
Пораст на температурата во куќите
28 °C
Конструкцијата на ѕидот како склад за топлина:
Покрај топлинската изолација, клучен фактор за заштеда на топлинска енергија е материјалот од кој е изграден ѕидот. Мерењата потврдија дека масивните, тешки ѕидови ја акумулираат сончевата топлина во текот на денот и ја враќаат во текот на ладните вечерни и ноќни саати. Овој ефект обезбедува стабилна внатрешна температура во просторот.
Посебно во текот на летото ја одржува внатрешната температура пониска и просторија поудобна. Што е "полесна" ѕидната конструкција, повисока е температурата внатре за време на врелите летни денови - и покрај тоа што U-коефициентот (коефициент на топлинска спроводливост) и ефикасноста на изолацијата еднакви.
Масивната изолирана конструкција во текот на летните горештини останува подолго ладна, бидејќи можат да акумулираат повеќе енергија.
