Нема сомнение: Подобрениот квалитет на воздухот во затворен простор има значително позитивно влијание на благосостојбата и здравјето. Помага во зголемување на когнитивните перформанси, и доведува до подобар ноќен сон.

Асоц. Проф. ДИ Др.Ханс-Питер Хутер, Медицински Универзитет Виена

Кои се основните правила за здраво живеење?

Истражувањето покажа дека 3 важни области мора да се земат во предвид кога сакате да изградите здрава куќа.

Изолацијата на прво место

Добра изолација обезбедува избалансирана внатрешна клима и го подобрува вкупниот животен комфорт.

Една не-изолирана куќа од цигла има потреба од 2,5 пати повеќе енергија во споредба со изолираната*. Со други зборови во не-изолираната куќа имате потреба од само 40% од трошоците за енергија.

* Во споредба со надворешни ѕидови со иста изолација на покривот и подот.

Цврстината е битна

Дебелите ѕидови служат како регулатор на енергијата. Куќите со добра изолација и дебели ѕидови штедат енергија најдобро и оптимално ги изедначуваат краткорочните температурни флуктации. Не е важно дали станува збор за топли или студени денови.

Се разбира, може да има различни потреби за различни проекти:

  • Цигла и малтер најдобра контрола на климата
  • Бетон и малтер обезбедува добра звучна изолација и заштита од електросмог
  • Цврсто дрво е добро за звучна изолација и за регулација на внатрешната клима

Внатрешни вредности

Клима внатрешните малтери со 1,5 см дебелина значително влијаат на регулацијата на влагата во внатрешните ѕидови и во намалувањето на создавање на организми штетни по здравјето. Луѓето се чувствуваат удобно при влага во граници помеѓу 40% - 60%.